Тлееше во него, чмаеше, некоја собраност да молчи, да не се прават непотребни движења, - та сите движења се сега толку непотребни, та толку е непотребно сега сѐ, - да се помине колку што се може со помалку покажување на себеси, а од тоа дури и здивот му стануваше притивнат и слаб.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И се чудев - што кошмариште било, та толку те измачувало?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Се чудев, што ѝ имам згрешено на оваа девојка та толку непријателски да ме осудува дека јас сум виновна затоа што не сум таму, во време во кое подготвував еден од најважните испити.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Возовите се огласуваат при секое поминување покрај нашиот двор. Ревносно. Шумно: свират, пуфкаат, татнат: - Фиу-у-у-у... - У-у-у-у... - Пуф-пуф-пуф. - Пуф...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Дали извади шајаците, како они; дали та кажа, нема зошчо да ти криа, неоти ти ќе ми го клашните, покровите та толку шо се зилјатарки?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Што ли ја привлече таму денеска, та толку се унела?...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)