— Мори, пусти да останат, невесто Недо, има за некој и друг месец, парички, токо не сме си вешчи ние, сиромаси, со Толета, та тука којзнае како ќе си поминеме — одговори Митра и се прицна со раката за половина да се увери дали стои ќемерчето околу половината.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Некој си арамија од дружината на Катар Ќаа го раниле други арамии по Мегленијата долу, го забркале вариите и накачил горе во Папради, та тука, во Маклата, се напил студена вода од изворчето, испуштил душа и го оставил тагарџикот со парите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Според разговорите што ги водев подоцна со старите жители на селото, во Маказар немало семејство Боте, та заклучив, што набрзо од хартиите и ми се потврди, дека учителот веројатно бил од друго место, донесен можеби специјално од Никола Поцо за да држи училиште на народен јазик и, во тој случај, можеби и живеел во еден дел од куќата на трговецот, та тука останал и неговиот ракопис, спастрен подоцна од семејството Поцо во лимената кутија која, очигледно заборавена, стоела во дупката на ѕидот од потонот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И Сиве се поткрена и се прочу, како по цело Мариово, така по битолско, леринско, прилепско, тиквешко, та дури и долу Меглениата, воденско, а лебами, и во Солун разбраа за него кога отера наеднаш триста дебели чукани јарци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)