Се тики ќе изнајдеа некој нов извор на приходи за кој, по правило, султанските надзорници дури отпосле дознаа, а кога тие ќе дознаеја - веќе беше доцна; Акиноските го напуштаа него и смислуваа друг.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Коа ќе се замислел Силјан штркот понекоаш вака, тики ќе се забораел кај што стоел.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Кога ќе се замислел Силјан штркот понекогаш вака тики ќе се заборавел кај што стоел.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Стоејќи еднаш на куќа, видел жената му кај молзи кравите и, од милос на убаите телиња, слегол во двор и отишол до телињата да 'и помилуа ѓоа; арно ама кај го знаеше син му Велко оти штрко Силјан е татко му; Велко си имал едно стапче в раце и видело оти телињата 'и милуал Силјан со клунот, та се уплашило да не им стори нешто штркот, та је свикало на мајка си: - Мајко мори, види го штрко, ќе 'и јади со клунот телињата!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)