- Добро, добро – попушти Дедо Мраз штом виде дека пречканицава со налудничавково не води никаде – биди што сакаш, викај се како сакаш, па и Нероден Петко, само кажи ми едно: каде се наоѓаме и што се случува со нас?
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Штом видам жена, јас турам пепел на сѐ друго“, рече Дине очигледно не толку за да се претстави што човек е тука да се оправда за можните глупости кои му се судбина.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И ми раскажа една случка како некој си татко имал син што бил многу страшлија: од сè се плашел; кога бил малечок, се плашел од животни; штом видел некое животно: крава, камила, куче, коњ - плачел и се тресел од страв.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Дури, штом виде дека работата напредна, и неговата волја порасна.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)