6. Посебна заштита на одредени категории работници Со измените и дополнувањата на ЗРО во периодот на нашата анализа се интервенираше и кај посебната заштита на следниве 35 категории на работници – (1) работничка за време на бременост, раѓање и родителство; (2) младите лица; (3) повозрасните работници и (4) инвалидните лица, и тоа: a) најголем дел од овие измени ги третираа правата на работничките за време на бременост и по породувањето, а се сведуваат на следново: ● прво, беше предвидена обврска за работодавачот, штом добие известување дека некоја работничка е бремена, да воведе повеќекратно оценување на ризиците во текот на различните фази на бременоста, кои негативно би се одразиле на нејзиното неродено или новородено дете.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)