Следното утро, штом дојдоа на работа, почна да врне бавен, густ и ситен дождец.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
МАРА: Ништо, готови сме! Панде отиде да му ја извади зобницата на коњот и штом дојде нека ги земе пљачките и да кинисуваме.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Уште штом дојде Бојан ја виде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
ИЛИЈА: Сношти, и штом дојдов веднаш излегов и се поврткав под пенцерињава твои да те видам, но го чув гласот на мајка ти и си отидов.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
– Кажувај, кажувај! Не е ситна штом дошла до мене – го прекори овој везирот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кате беше поодмерена: штом дојде нарачката, таа ја зеде чашата на Боге и му ја отпи пената од пивото; поправо, му ја исшмрка, ама сосема тивко, и му ја врати чашата, исто така сосема природно.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Треќи пат пак него беше го удрила, и кога виде царот оти сѐ ќелешо го удирала помалата му ќерка, при сѐ што ја милуаше многу, му се одмилило и со лутина је свикал: - Ај крши си глаата, ќерко, сосе ќелешо, да не те глеам пред очи, лели него го бендиса и ме устрами!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Така и стредната си зела едно момче од најбогата куќа, а најмалата никое момче не бендисуа и штом дошол ќелешо да врвит, беше си го удрила.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Јанко штом дошол до нужникот, ги оставил наланите и бос по снегот, се префрлил преку едно ѕитче.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Не му ја давам целата, - рече мајката, - ама и уште три пати толку да имаме не ќе го наситат никаквецот штом дошол.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Па велам: во себе пеј штом дојде топла како река со мирни брегови со месецот што шепоти во пристанот на мислите И не викај и што е твојот глас штом ноќта интимно те грее: молчи молчи
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)