Нестаната уште од ноќните сништа јуначката чета, во раните зори, пред сонце да пекне, — рој куршуми пиштат и пукот ги стресе високите гори Се истури грмеж од стражите предни и купишта Турци попаѓаа тука, се прснаа сите, исплашени, бедни, штом ура се зачу, штом четата спука.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)