„Зар?“, реков. „Луѓето не сакаат да им биде дадено“, продолжи Владе, „но дури откако ќе им се даде, откако ќе земат. Штом веќе зеле, стануваат неблагодарни.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се претпоставува дека од полицијата и била информацијата, штом веќе морало да се дава некаква информација, дека не се работи за ќерка, односно за паштерка, туку за прислужничка.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Да, си реков - би морал да ја бакнам, штом веќе ми е девојка...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
9. ГЛЕДАЈ ГО НЕ ОГЛАМНИКОТ, АМИ КОЊОТ - штом веќе си џамбаз, трампењето да не ти е криво, знаеш, твојата прескакулица "ОД КОЊОТ НА ТРОЊОТ" сепак за во циркус е, а не и за обичниот живот...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
- Не те молев, - некако рамнодушно се огласи рапавиот глас. – Мели, штом веќе немаш поумна работа.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Човекот со чадор спиеше. Не ги слушаше своите скарани гласови.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ама добро, штом веќе си одлучил така, тоа е во ред. Се облеков и излегов сама.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)