Едновремено, технолошкиот развиток сè повеќе ги приближува световите еден кон друг и сите земји во светот ги стави во меѓузависна положба.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, во својата досегашна историја, САД го напуштаа изолационизмот, пред сè, како резултат на сеопфатните економски стремежи што дејствуваа во западната цивилизација како целина и кои, по сè изгледа, биле многу силни за да можат да им се спротивставуваат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Арафат очигледно ќе избере и друг пат за проширување на својата улога во историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
По војната во Персискиот Залив, САД го поттикнуваат Израел да учествува во мировна конференција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Согледувајќи ги, уште при крајот на 1941 година, значењето и помошта од работата на иселеничките групи, Владата на САД го прецизирала својот став во еден документ каде што се истакнува дека „Американската влада дозволува, со оглед на истата воена заднина, американските граѓани, настапувајќи како американски граѓани и со полна лојалност спрема САД, сепак да можат да ги симпатизираат народните барања на земјата на своето национално потекло и да можат да се организираат во знак на симпатии и пријателска помош на таквите тежнеења".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Својот став за македонското прашање САД го дефинирале со Велика Британија уште пред почетокот на Јалтската конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Основната ориентација што се наметнала пред големиот број иселеници од словенско потекло во САД во деновите на почетокот на Втората светска војна била насочена кон јакнењето на напредните иселенички сили и создавањето на една централна организација, која во целост ќе го претставува словенското иселеништво, а со основна задача за ускладување на работата на месните или покраинските одбори и за иницирање нови активности.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во предразговорите меѓу американските и британските преговарачи било договорено тоа прашање да не се става на дневниот ред на Конференцијата во Јалта.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)