ајде (чест.) - сега (прил.)

Ама тешко е затоа што многу девојчиња веќе учеле англиски на разни курсеви и - ајде сега стасај ги ако можеш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не е правдина да речам дека наставничката по англиски јазик е премногу строга.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дека бара дисциплина - точно е тоа и така треба да биде.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
— Море, ево ме, побратиме, на гости кај вас со Јована, токо ајде сега... кажувај!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Преку пенџере тебе! (Кон Саветка и Антица и со очи и со уста): Ајдете сега!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И му заповедаше Ајде сега, Божано, покажи како се бели и како се пудри млада невеста.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И ќе ѝ заповедаше на домаќинката да донесе горојна и ќе го натераше попот српски да се пудри и да се бели - со горојна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гровна бомбата и се слушаат само пискотници, машки лелеци. Ајде сега бегај назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Станувам. Ајде сега назад. Пак трчам, и пак не знам кон каде. Така ме завиделува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Суљо пак направи темане и испушти едно придушено: – Разбрав, кади ефенди! – Е, ајде сега.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ајде сега, одврзи окопците, павтите, решмето и синџирот! Сопаши го прегачот! Така. Сега можиш да си легниш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури Митра се стрелушеше дали оваа орјатка ќе сака нешто да работи, Доста сама се понуди: — Ајде сега, сестрице Митра, да и расподелиме работите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ајде сега, не прави се, кажувај! – отсече брадјосаниот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ајде сега нацртај тркалца, тркалца... многу тркалца.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
ПОЦКО: (Се смее.) Е, бре брат Арсо, ти на сѐ капак! (Сипува вино.) Ајде сега вино црвено, да биде уште повесело! Повели, куме!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: На здравје! (На Арсо.) Повели, брат Арсо, вино.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кимнав со главата и збунето се насмевнав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ајде сега, касни, па ти го правеше, - ме буцкаше мајка му на Дино за време на ручекот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ајде сега „разлаз“! - свика Абраш. - По еден час сите во пештерата кај каналот, - додаде.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ајде сега нека ве изброи Моне. Ајде, Моне!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ни нешто сте чуле, ни нешто сте виделе. Се разбравме... Ајде сега, како што ви реков.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тој веќе сѐ знаеше. - Се успа, - му рече, - Затоа. Ајде сега. - Каде? - праша Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ајде сега строфата“, му вели. „Еве“,ѝ вели Едо и полека, ралатно и гласно рецитира: Сиромаси – Власи, Бери дрва – греј се, Пуљи пички – смеј се.'' „Со три повторувања.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А Горачинов, недела преку две, ми пушта ново писмо и ајде сега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отвори ја пак устата, ќе ми велат, аткрој! Ну, аткрој, ајде сега, ешчо раз!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, ајде сега, запри ја водана да не тече.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, ајде сега не сврти ја пак на смеење, ама насмевката кон никаде не оди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ако те интересира нешто прашај си го другар ти, ајде сега чао.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На другиот ден првата брезичка замоли: - Сестро, ајде сега раскажувај ми ти.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)