Кога сум веќе кај желбите, можам да се пофалам дека многу од нив ми се исполниле. Барем оние кои ги посакував најсилно.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тоа беше време кога младите, или барем оние млади кои јас ги познавав, живееја во очекување на остварувањето на љубовта, а почетокот на заедничкиот живот веруваа дека ќе биде симнување на рајскиот поредок на земјата, а потоа ги отрезнуваше баналноста на секојдневието кое ги очекуваше, бидејќи секое очекување кое е поголемо од стварноста, како и секоја љубов која е поголема од оние кои се љубени, завршува или со пропаст, или во тривијалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа беше нашето време, времето на молк за телесноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)