Расфрлани се моите мисли На Драгица и Георги Старделови Расфрлани се моите мисли денес како развеани листови од некое старо евангелие и небото над нас смрачено и тешко и светлина нема, барем себеси уште малку да си се погледавме.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Морате да ги пронајдете.
Самата итност на вашата желба ве тера да посочите, а и да разјасните (ако не другому, тогаш барем себеси) што е тоа во мажественоста на мажите кои ве палат што толку ве трогнува, какво тоа еротско значење е кодирано во една или во друга отелотворена одлика (наспроти нејзините ситни варијации) и што во неа толку ве вдахновува и ви ја прави толку мамлива.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Меланхолија
Понекогаш
кога ќе се сетам
дека сум била
љубена
онака како што
и сама-та
сум посакувала
во некој друг
живот
ме обземаат морници
од нелагодност
својствена
за оние кои
не се од овој свет
а би сакале
да бидат.
Смртно сама
Објасни си барем себеси
за себе.
Несаканата љубов е еуфемизам
за оддалечувањето од себе.
Кога себеси си стануваш туѓа
како созреано, осознаено
дете.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Првата, собата на вокалот А, ги прибира расфрланите поетови мисли (расфрлани се моите мисли денес / како развеани листови / од некое старо евангелие / и небото над нас смрачено и тешко / и светлина нема, / барем себеси / уште малку да си се погледавме) и нештата за кои Поетот вели “никогаш не сум размислувал за тоа“.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)