Тогаш, за среќа или за несреќа, се појави од некаде како од никаде маестро Миха, со циганската марама околу мисирковиот врат и мразулците пот по челото до веѓите, па како црн ангел му покажа дека со месење земја може да си ги смири барем прстите ако не и совеста.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)