Дури и на најгрижливата мајка ќе ѝ биде тешко никогаш да не ѝ се испушти пред настраниот син барем ронка разочараност од него.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако една од функциите на камп-хуморот е да наврати на трауматична сцена и да ја преодигра таа траума во урнебесно преувеличен сразмер со цел од неа да ја испразни болката што кампот не ја одрекува, тогаш за присвојувањето од страна на кампот на овие драми во судирот помеѓу мајката и ќерката може да се мисли дека е соочување со стравот што тишти многу геј-момчештва и што остава трауматичен талог во внатрешните животи на голем број возрасни гејови: стравот дека обожаваната мајка може да си ја покаже – макар и несвесно, или против своја волја – несовладливата одбивност кон сопственото чедо, одвратноста од тоа што родила и одгледала девијантно дете.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)