барем (чест.) - минимален (прид.)

Да знаеше кутриот Х.Х. какви мисли ми се вртеа во мојата глава, како реакција на неговите искажувања, сигурно ќе добиеше непобитни аргументи за моето тотално застранување од трајните вредности на мојата родна земја, а ако успееше да извлече од мене барем минимални докази, бездруго ќе добиеше и сигурни поени за неговото унапредување во кариерата доближувајќи се што повеќе до митски далечната Централа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Иако јачењето и длабоките воздишки на мајката го потсетуваа на истите звуци кои луѓето ги испуштаа на погребите, особено тогаш кога од раѓањето до смртта патот на погребаниот и не бил толку долг за во тоа да се пронајде барем минимална утеха. ’Го проживеал своето’, ќе речеа за некој старец.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Потребен е барем минимален надзор над средствата за изразување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)