Биди жива и ќе видиш колкави муда тој ќе му покаже на светот!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ајде, однеси ја таа проклета супа во неговата соба и насмевни му се барем еднаш!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Велат дека речиси секој жител на градот барем еднаш неделно поминува по неколку часа во ладовините на оваа планина.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
К* длабоко повлекува со носот, ја вдишува силната трпка миризба, повторно им загоре, си мисли К*, никако да научат, секогаш им загорува, секоја проклета недела, зашто ли само не го спремаат со доста вода наместо да им се суши во рерната, си мисли К*, или барем еднаш да го сменат тој нивни проклет ориз...
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
На околу 80 проценти од луѓето на кои им е скурчено од животот барем еднаш во своето постоење им се имаат јавено самоубилачки тенденции, покажуе статистиката.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Сепак, тој брод се гласи понекогаш во градот; неговиот глас го чул барем еднаш секој скопјанец.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Корисниците - и 10-те проценти на учениците од средните училишта кои барем еднаш пробале - се чувствуваат еуфорично, емотивно и пријателски.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Понекогаш просветлувачката промена на состојбата на свеста може да се јави на начин каков што опишува Абрахам Маслов (Abraham Maslow) кога зборува за „врвното доживување“ (“peak experiance”), состојба која не е толку ретка и којашто секој од нас може да ја доживее барем еднаш во животот, што остава неизбришлива трага и нѐ насочува во понатамошниот тек на животот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Денес 90% од возрасната популација консумира алкохол и, покрај забраната со закон, познато е дека 60% од децата помеѓу 13 и 17 год. купуваат алкохол, и околу една третина од истата група консумираат алкохол барем еднаш неделно, иако се работи за мали количества и дома.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Дозволи му барем еднаш да помисли дека може да застане неказнето помеѓу пороите на животот и на смртта.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Побарај и од него изјава".
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Има помеѓу жените такви на кои не можеш да им ги наполниш очите и срцето само со своето другарско и чесно однесување.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Па потоа повикај го и тој Даскалов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали се потруди барем еднаш да им се приближиш на желбите на таа Цвета, да им погукаш малку на тие желби, да си поиграш со нив?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И прашај го, му реков на Кожинката, прашај го детето дали мајка му барем еднаш го спомнала моето име!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Беше тоа, барем еднаш, прилично конвенционален предмет – преглед на современата машка геј-литература.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ваков ден ѝ е неопходен барем еднаш месечно: го слуша единствено тивкиот звук од неколкуте касети со стари, добри хитови.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Таквото просветлување не му се случува секому и човек треба да биде среќен ако го доживее барем еднаш во животот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Нема Македонец што барем еднаш во животот не залелекал над лошото писмо, над лошата судбина.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тоа е, што кај нас до лудило ќе те доведат, но попаметен уште никого не го направија.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Секој што барем еднаш минал оттука знае какво е задоволството од шетањето по Широк Сокак, не џабе овде минале пешки или со пајтон Султан Хамид, Ататурк, Јосип Броз...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Порано барем еднаш годишно будалата за себе знаеше дека е будала, сега никако.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Најпаметен од сите за мене е оној кој барем еднаш во месецот себеси будала ќе се нарече - способност, денес нечуена!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тоа сите сакаа барем еднаш да го чујат за него и му се радуваа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И така беше го поминал целиот бел свет, оној старец, оној бригадирот Језекил, сиот бел свет, кон кого имал толку малечки барања онаа првата утрина, кога заминувал првопратено; со една тајфа тој отиде дури и во Канада, но ни онаа, другата страна отаде Океанот не сакала ни да чуе да биде малку подарежлива спрема него, и сега веќе не постоеше нидно место на светот, кое што не беше запознато со тој заговор: на она ситно човече од мајсторските тајфи да не му даде ништо повеќе само толку колку што му беше најнеопходно, не водејќи сметка за неговите крвави соништа барем еднаш да може малку подолго да здивне, барем еднаш малку да подзаборави на својата тешка копанка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Слушај жено! Може ли барем еднаш да премолчиш и да не бидеш бибер во секоја манџа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во полската приколка во Бела Увала, во која само преспиваш по некој час и барем еднаш во месецот си ги преперуваш „купачите“ и некое маиче, ништо друго и не се случуваше.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не, нема жена, а нема ни девојка,ќе го видев барем еднаш со некоја, а ни дете не прошета, да го храни залак по залак.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
7. Ако сакавте да ве сметаат за сериозен фудбалски фан моравте барем еднаш да одите на дерби Црвена Звезда-Партизан, по можност на Маракана.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Голем дел од нив си доаѓаа дома барем еднаш на неколку години, по некое непишано правило в лето, за да го искажат својот презир кон плитката памет и лошата материјалната состојба на своите земјаци во татковината.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ја колнев фамилијата да ми помогне, негде да ми најдат работа, да ги активираат своите врски, еднаш, барем еднаш, да се помачат да ми обезбедат сигурна плата. И ми успеа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Морав да преговарам со трговските патници коишто залудно се обидуваа некому да му го подметнат шкартот што го произведуваше нашиот шеф.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Само Богдан јанков, а за тоа господ му е сведок, ги познаваше тајните на душата: барем еднаш во месецот го гледал тос свет на сон. таму трчал без тежина на мисли и години, лежел, чекорел без почва под стапалките, бил засолнет од бегови, од балкански војни, ос сите власти.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тој, како посесивно дете, упорно моли барем еднаш да му се насмевне волшебно, за да не се чувствува отфрлено.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Порано се бричеше на неколку дена, потпирајќи го огледалото на ѕидот од бараката во дворот за да му гледа подобро или одеше во берберницата за да ги почувствува барем еднаш неделно нежните прсти на фризерката која го бричеше жулкајќи го по лицето за да провери каде треба уште да помине со бричот или по бричењето да го намачка со мирис и помада.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ноќта го повикува денот еднаш, барем еднаш да дојде да и ја осветли душата, да го почувствува неговото сонце да и го стопли срцето да ги разбрка ѕвездите и месечината... да ја успокои, да и даде мир..
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Немаше дете тој час што не се помести од стројот, што барем еднаш под влијание на Трифун Трифуноски не замавна со рака.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Боже, беше несреќен, па тој толку патеше што не можеше еднаш, барем еднаш да го начека заспан.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Го шмукав јазичето со мирис на ркулец заглезден во влажна почва и со киселкаст вкус на штотуку зазреана мушмула, чувствувајќи ги на образите усните со кои на горниот и долниот дел во една колку вистинска толку замислена точка, се спојуваа нозете на Ема, и тогаш ми се чинеше дека тие усни, кои никогаш не кажале ништо, ниту ќе кажат некогаш нешто, а толку многу знаат да кажат, и толку многу сакаш да ги чуеш барем еднаш да проговорат, без оглед дали ќе те фалат или ќе те кудат, ме подземаа со слузта што благо ме облеваше внесувајќи ме навнатре со сѐ позабележливото поткревање на телото што лежеше под мене, со можеби инстинктивното поткревање нагоре, и повторното спуштање, во ритам што беше дел од нашата игра, од нашиот живот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ретки се тие мажи, како Илка овдека, што не ги натепале жените и такви жени не знаат оти се мажени, ако не јале барем еднаш ќотек од него за да „презимеат" полесно.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Стариот писател го исмева подарокот, оној распослан тигар, а токму тој тигар веројатно го има поттикнато да пројава на него со посакуваната барем еднаш повеќе одошто му било пишано и тоа галопирајќи низ ноќта која веројатно му се присторила многу подолга од другите ноќи; а пројавал во овој случај без оној самар што го создала злобната шега за да го поттикне потсмевот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дали, барем еднаш, и тој учествувал во играта што ја смислиле и практикувале Јана и Зрновски?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Да се правдаш пред некого, а во животот те немам слушнато барем еднаш да го употребиш она проклето извини!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
КРТОВИЦА: Крту, барем еднаш во живот биди маж!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
КРТОВИЦА: Цел го излижа!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
- Тогаш јас, вашиот старешина, ви ветувам дека секој од вас барем еднаш ќе се избања во кадата на кралицата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Месо јадеа од Велигден на Велигден, а тука барем еднаш неделно.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Да нè цркнеш од тага! од беда! да те слушнам барем еднаш пред да ме довршиш!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ете! Така ќе беше готов!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Немаше да бидеме таму кај што сме!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Дед Павел беше и премногу умен за да не си го постави барем еднаш она обично прашање: па зошто таа, ако е жива, самата не им се јави на неговите блиски во Русија?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Од која причина самата себеси решила да се загуби.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Цел живот имате, барем еднаш да вите шо значи да немате.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Другар политички - му вели Лефтера - барем еднаш погали го, па ќе видиш дека ќе те засака.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Никако не разбирам зошто не тргнува порано, без разлика каде се упатила, за да стигне барем еднаш некаде на време.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Деца, - ни се обрати наставничката. - Нека се јават оние што ја познаваат, или барем еднаш во својот живот ја виделе нашата гостинка.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Не верувам дека има човек кој, кога бил на твоја возраст, барем еднаш во животот не учествувал во некаква тепачка, - ми рече тато.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Сега ти ќе правиш како ќе правиш ама барем еднаш ќе легнеш в постела со мажот пред да замине.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Марко почна да страхува дека не само Едо туку и самиот тој запливува по некоја мирна вода, во живот без акција така што просто им се радуваше на можностите кога барем еднаш месечно одеше на пат во Америка или низ Канада од Монтреал до Калгари.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)