Веќе разгледавме некои примери за основните интуиции или за субјективните вистини кои, иако длабоко се чувствуваат, не ни ги одразуваат биолошките природи и психолошките премрежиња, туку општествениот поредок на нашиот свет и вредностите што се поврзани со него.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На пример, луѓето во нашето општество ги доживуваат генерациските борби меѓу мажите како трагични, барем потенцијално, додека чувствуваат дека генерациските борби меѓу жените не заслужуваат еднакво сериозно, односно сосема сериозно, размислување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Судирите меѓу жените се претерани, театрални, пребурни – во секој случај, не се сосема достоинствени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, кога ќе се соочиме со избор од нив – особено онаков избор што, како што си замислуваме, ќе укаже не само на она што ни се допаѓа туку и на тоа кои сме – во такви околности реагираме инстинктивно на начинот на кој таквите артефакти може да се одразат врз нас, што подразбира и свест за нивната кодираност за род и сексуалност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Клониме од еден дизајн, кој никогаш, ама никогаш не би го имале дома – или не би го носеле, или не би го возеле – не само затоа што е грд туку и затоа што е, да речеме, сладок или китен-китен или фалбаџиски или мелодраматичен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со други зборови, би нѐ открил: би изразил, а со тоа и би обелоденил, нешто срамотно или неугледно или барем потенцијално дискредитирачко за нас, нешто непожелно или патетично или претенциозно или непривлечно, нешто штетно за нашиот идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Реагираме толку силно на овие кодирани значења што не може да има многу сомнеж дека навистина ги има таму или дека знаеме дека ги има, но – освен во неколку случаи, кои не се ниту очигледни ниту претерано одбивни – би биле на големи маки да ги кажеме какви се, да ги именуваме, точно да наведеме од што се состојат тие значења, што точно значат тие конкретни значења.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој ги обликува нештата што ни изгледаат како длабоки, трајни интуиции за светот и за нас самите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исто така, ги каниш другите да учествуваат во твоето откажување од секакво автоматско полагање право на општествена положба и ги поттикнуваш да ти се придружат во редот луѓе чие страдање секогаш подлежи, барем потенцијално, на девалвација – и чии трагични состојби, така, секогаш подлежат на подбив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)