А кајшто има океан има и бранови за многу напатени души кои жедни ја препливале големата вода и кои во кандилца си ги вардат коралните фитили барем додека одгатнат дали океанот има корени и дали во брановите има кирилични офкања.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Бојан се надеваше дека барем додека е ден не ќе биде загрозен од нив.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Објаснувањата не помогнуваа. Беше потребно само вака, барем додека се со него, да им се наметне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше раскрстил со тоа дека езерото нема да го види, барем додека е жив, па и од таа страна Детето му дојде како утеха.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Го правиме заради животот бидејќи тој треба да се почитува барем додека не заврши.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И да не заборавам да ти речам дека навистина знам оти со еден обичен збор ниту можеме да го запреме ниту пак би можеле да го продолжиме текот на настаните".
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Добро е - си вели рабинот откажувајќи се од саканиот пијалак - малку да дремнам, барем додека не се сервира вечерата што секако ќе биде за час време.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Гоце, единствената надеж на мајката, му ја стискаше раката како да сакаше да го додржи до свест, го плескаше по бескрвните образи со галежни шлаканици, молејќи се да го има жив во рацете барем додека не се појави таа секогаш Брза помош или додека не долета тој волшебник од лекар.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ние ли сме во бесконечноста
ниту центар, ниту власт
ниту гуска, ниту јајце
Ние, од тлото што не сме се одлепиле
ние, вистината што ја мразиме
како ѓавол ја истеруваме
масовно ја каменуваме
и ја однародуваме
ние, што наредуваме
кој да ѝ се обрати на јавноста
и како да се опише „стварноста“
за да го слушаме
- барем додека сме живи -
она што ни одговара
Сонцето мора да се врти
небото да биде недостижно
Земјата мадра.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Николче седеше на место, решен да умре но да не се помрдне, барем додека не дојдат да го помолат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Мајка знаеше дека сум јас, дојден по неа, да ја земам кај нас, барем додека не се стопи снегот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мора да се отиде од овде, мора да се отпатува – барем додека не ме изневерат ушите.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)