Токму за тоа постмодернистичкото обликување би морало да води сметка.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Меѓутоа, ако сега би морал да ти ги набројам сите негови псевдоними тоа би било можно само со внимателна анализа на сите негови испратници, што е огромна и непотребна работа. Dr. Ackerman од ден на ден ги менува псевдонимите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Третата можност ужива извесна поддршка: задолжително лекарско одобрение за уживање дрога, како што тоа го прават Британците. Сличен приод би бил и ограничувањето на достапноста на дрогата на познати зависници, што би се правело на специјализирани клиники. Во таа смисла власта би можела да бара издавање дозволи на легалните уживатели.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Предноста на ваквите системи е во тоа што благодарение на нив би можело да се сочува контролата над уживателите кои евентуално би морале да посетуваат предавања за последиците од дрогата за која се определиле, би биле подложени на постојана лекарска контрола итн. На овој начин уживателите и понатаму во извесна мера би биле обележани, што еветуално би можело да ја обесхрабри побарувачката.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Би морале да го испитаме и начинот како ги пишувам своите текстови.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ако меѓусебно ги поврзуваме, тогаш сепак би морале да се потпреме на еден синтетизирачки ум над нив што би ги регулирал премините помеѓу разните дискурсни форми.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Но, за да успееме да конструираме соодветен тродимензионален партнер, би морале, доколку сакаме да постигнеме „реален”, „целосен” контакт, значи и тактилен, да создадеме виртуално тело, што се опира, и со тоа ги посредува своите „чувства”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Едо никогаш не можеше или не сакаше да сфати зошто некој авион би морал да полетува пред осум изутрина.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Еве, дури и кога би седнала да пишувам за ова околу мене, за природата, би морала да се затворам во одајата, да не го слушам ниту зуењето на инсектите, па и темно перде да закачам на прозорецот....
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
За секој друг оној единствен избеган самјак и тврдоглавата мечка, пред која сѐ што ти останува е да отстапиш, не би морало да значи нешто толку големо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Па, кога би морал нов, како би било тоа онака... То ест колку ќе чини..?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Имено, ако во спор од работен однос тужителот е работник, за судење е надлежен – покрај судот кој е општо месно надлежен за тужениот и судот на чие подрачје се врши работата или се вршела, односно судот на чие подрачје работата би морала да се врши – и судот на чие подрачје е заснован работниот однос (чл. 58, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, за среќа, кај работните спорови постои посебна месна надлежност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако Берсон е во право кога вели дека секое филозофирање е “мислење наспроти струјата”, етичкото чувство на маниристите не би смеело да падне во искушение од “расточување”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Надменоста и разиграноста, помодното шарлатанство и дрското однесување би морале да се надминат со постојаното и внимателно конфронтирање со класиката, не, значи, со класицистичкото.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)