— Бре, бре, бре! Уште ова не беше се чуло: рисјанец да дигне рака на Турчин! — се чудеа полјаните по тие села. Но насекаде таа постапка предизвика чудење и некаква кураж кај христијаните, а извесен трепет и гроза кај Турците.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пушти го и не терај инает. Кузе си е Кузе. И без да дигнеш рака на него, тој ќе каже.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не мисли на лошо, побратиме. Ништо не е тоа. Ќе помине!... (Излегува).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
КОСТАДИН: (Си дојдува на себе). Ете, пак жива вода станав...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)