„Што сакаш денес да појадуваш, мило мое?“ ѝ шепотеше на уво додека онака сонлива и топла ја притискаше на своите гради будејќи ја рано, пред да замине на работа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Стоев во претсобјето, мирисот беше ист како и пред да заминам, оној мирис кој го донесовме со себе кога се вселивме во тој дом кога имав единаесет години, и кој остануваше непроменет и откако Зигмунд се отсели кога имав дваесет и една година, и откако се мажеа и од домот заминуваа моите сестри, и по заминувањето од дома на брат ми Александар, тој мирис на нашиот дом остана ист и откако умре татко кога имав триесет и четири години, една година пред да заминам за Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Останал истиот и без мене овие седум години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Претседателот Никола Карев пребега во Бугарија. Оттаму, со писмо бараше од турските власти во Македонија, да добие амнестија, но тие иако му ја ветуваа – не му ја даваа па тој мораше пак да замине за Бугарија.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)