да (чест.) - излезе (гл.)

Оттука се разви дискусија за правата на жените меѓу Клара и пријателите на Берта, кои беа дел од она што се нарекуваше млада виенска интелигенција, дискусијата заличуваше на кавга, младите интелектуалци велеа дека со светот сепак мора да владее машкиот род, и Клара, пред да излезе од салонот, рече: “Очигледно ние девојките треба самите да го земеме она што светот и ова време не сакаат да ни го дадат.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Самата одлука за судбината на Македонија била донесена на советувањето на нацистичкиот врв од 27 март 1941 година, кога било потенцирано дека германските сојузници што ќе учествуваат и ќе го поддржат нападот на Кралството Југославија да можат да добијат извесни територии од Југославија, а посебно било истакнато дека Бугарија може да ја добие Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Несомнено дека со германскиот напад на Кралството Југославија на Бугарија ѝ се дало можност да ги оствари својот долгогодишен сон и да излезе од долгогодишната „мора“ Македонија да стане дел од бугарската држава.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Доживеав болен страв од црните луѓе и истовремено среќа поради несреќата да не можам никаде од дома да излезам.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Упорноста на сонцето умее да пресели Цели езера на небото А мртвиот поглед го има осетот на кртот Кој ќе ископа и премногу мрак за да излезе
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се напиња, се грчи невиното во крошните, како невидливите жилички на семенката дури ја пробиваат земјата за да излезат на виделина.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)