- Да си ги ебам мртвите ако лажам, вели Јон, очи да немам, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Размачканото руменило што сѐ уште го имаше на образите јасно се истакнуваше, речиси како да нема врска со кожата под него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Земјата ја израмнија и ја изгазија. Местото не се познаваше и изгледаше како долу да нема ништо.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
До топло мало тело,се стискам и се молам, да помогне светот, да помогне природата, еволуцијата и старата куртизана Европа, да нема веќе мака и тага за овој народ кој приказни слуша.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
КИРО: Сакаа сѐ да срушат. Ништо да нема. И тие да владеат.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Дувај ги, викал татко, издувај ги, велел, да нема ни раска на јатките. - Да не сакаш и да ти ги џвакам, мајката, му рекол еднаш Јоше Свирачот, ама татко не го заушил убаво, оти устата му била преполнета со ореви што ги крцкал со забите и од тоа не му се дослушувало.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се гордеете ли, Вие? Што сотревте сѐ, да нема ништо, да нема виор, надеж ни за лек.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)