Ех, сиромаштијо! Црна си како црн леб!... Пуста да останеш... (Пауза).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
КАМЕНОТ ТЕЖИ најмногу врз родината ЗЕМЈА - сакана! Печалбата пуста да остане! - Скраја да е! ******
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Се борев со сите сили да останам доследна на својата карма. Сѐ на сѐ, зборот Божји е моја заповед.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Едноставно чувствував со целото свое битие и сега, дека не би можело да биде поинаку, па макар и двете да останевме под урнатините на куќата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Твојата е поголема...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ова беше јасен сигнал во размислите на татко ми дека Чанга го избрал големото скривалиште на Калето за гробница за себе и за козите, за сите кози на градот, сакајќи докрај, и во смртта, да остане достоен за големата љубов.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)