XXIX Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се вратија, и како што му рече Арслан на Трајка, дека сака да ја види својата раја со неговите очи, нареди на другиот ден цело село да се собере на сретсело: „Машко — женско, старо — мало, до куче сакам да видам пред мене! — му се провикна Арслан на Трајка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Биле — умреле, да се вратите, барем сете да умираме ако е за умирање — им порача Трајко на поповите, даскалот Бина, Младена Чкулот и други повидни селани.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)