Чекај да се посоветувам. - Шиштење во слушалката. - Еве сум.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Па еве сум, речиси кај Прилеп.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Етјен Жув, - извика Љаке. - Мамето мамино, - додаде колку за заробениците. Етјен се јави: - Еве сум.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Аман, тето, доста ми е од авантури! Заради една таква, еве сум тука кај тебе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ја оставам да прави што ќе прави и еве сум на вратата од големата свечена сала на Парламентот чие душеме го украсуваат мозаици, ѕидовите огледала и слики од нашите стари мајстори, а тука се и двете колонади мермерни каријатиди.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Впрочем тоа толку не ме интересира така што овој час вистински во Сеул и еве сум пак тука дома.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Како среде најлута зима да ми изгорела куќата и еве сум останал на улица, без жив човек на повидок, со недвосмислени изгледи во најскоро време да смрзнам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И одам. Еве сум на влезната врата и тука како да заглавив.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Целата уште оросена со капки вода, во бикини, задишана, забришувајќи си го носот со палецот и со показалецот од десната рака, со косата од влага собрана во туфки, расфрлана преку нејзините рамена, Германија му рече: „Еве сум! Се извинувам...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
СОФРЕ: Ќе дојде. „Да вечерам — рече — и еве сум станувам“.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Оди постели, еве сум ќе дојдам.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
СПИРО: (Однадвор.) Еве сум, чорбаџи! (Влегува.) Што заповедуваш, чорбаџи...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СПИРО: Па. па...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Крц, крц! - и еве сум горе, со својата сенка под рано излезеното сонце; да не беше превисоко, ќе го прегрнев.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
На пет чекори од чаркот над вертикалниот отвор, спиеја двајца гардисти.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Не сум им кажал. Го видов, трчав по него, еве сум сега пред вас.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Ако го стори тоа, домаќиниве нам ќе ни се нафрлат со чекани, претпоставил Никифор Ганевски, - Му кажа ли на оној Доце Срменков, на другите?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ете ми, тетко мојата живувачка до сега што сум живеала.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Откоа отиде дома, помина една проклета Еѓупка и ме виде, та ме врли во еден бунар и неќејќи Господ да загинам, ме избави уште од многу маки што видов и еве сум у баба, поќерчена.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Сите илјади и уште триста илјади играчки, што врвулат таму далеку зад нив, поклонувајќи се, канеа со насолзени очи: - Еве сум, земи ме, колку сакаш, играј ме....
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Еве, еве сум јас, ако ви требам!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Меѓу ветките се извира Дуко Вендија и вика: - О, Велико! - Ој, се одѕивам. - Кај си, мори? - Еве сум, море.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)