еве (чест.) - ви (зам.)

Тој ја удри по главата и рече, „Еве ви нешто што ќе ви даде причина за плач“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Подоцна кога се разбудил, се запрашал, „Дали сум јас пеперутка која сонува дека е човек?“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Што ви е“, праша. Таа одговори липајќи, „Го изгубив единственото дете“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И еве ви ја приказната.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А што се однесува до вашата молба, еве ви го одговорот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но тука секако не заврши приказната - за да не остане покуса, Кристл се врати со нов тањир, го стави на маса и рече: „Добро, ако вам злато ви е отровно, тогаш еве ви го овој сервис од кобалт“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
РЕВШИН: И еве ви го мојот план: кон десет часот да тргнеме јас и вие, Алексеј Максимович, и да отидеме во канцеларијата на Вишњевски: штом тој тогаш ја водеше вашата работа, и треба нему, пред сѐ нему да му се обратите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ха, ако мислиме на ова како на нова уметничка форма тогаш еве ви едно 8/17-хаику: “Хаос, хаос, човече, а!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ние, освен тоа, можеме и да не ви дадеме камења. Повелете, еве ви го капарот и збогум, со здравје. Оставете ги нашите жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да се расониме и да се сетиме дека од дружинава избега Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еве ви ја главава - на, ако тој космест волк не нè демне од ридон.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мавни ми се од патот зашто, жими најмилото, ќе минам преку тебе. - Ќе минеш но твојата ѕвезда ќе догори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А за да ја сфатите реченицата, треба и самите да сте минале низ геј- иницијација. Еве ви ја потребната подлога.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Добро де, на вистинско место сте, еве ви ги моите деца. - Вашите деца се мечиња.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Главина го донесе кучето и рече: „Еве ви го! Земете го и убијте го...! Ебете си мајката“, ни вели.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Еве ви го да го видите!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
За другарско завршување на овој наш разговор, еве ви, добри мои и една песна за другарството: ДРУГАРУВАЊЕ Раце со раце да сплетеме, од добро кон подобро да стремиме, другар со другар да бидеме, до сонцето дружни да се кренеме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Неговата трагедија, која во реална смисла ја доврши босанскохерцеговската војна на сите против сите, симболички сепак кулмнираше со оној недвосмислен предлог за размена што неодамна можевме да го прочитаме од некој хрватски ѕид: вратите ни ги нашите Срби, еве ви ги назад вашите Херцеговци.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Еве ви помош“, им вели на курсистите. Нѐ седнува на клупите до нив.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Големо јунаштво, ако заколете една испустена жена, велам, ајде, колете, еве ви го вратот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)