еве (чест.) - ги (зам.)

Тинејџерката: А десетте грама?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики (Од под душекот на троседот вади кесичка): Ох, еве ги твоите 10 грама.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Нема да го арестувам? Ќе го арестувам како ништо! Еве ги, војниците чекаат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
СЛУГАТА: Јас и твоите работи ги приготвив. Еве ги!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Еве ги речните бродови... Имаат срце секој сега.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И еве ги изворите, пред вас, во овие сандаци, преполни со прав!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Еве ги, - ја прекина Боге. На балконот се појави Фоте, држејќи ја за лактот Кате.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Лесно им е на поетите - ќе повикаат две птици И еве ги, долетуваат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Најпосле еве ги белите снежни покриви од високите градски куќи, еве ги осветлените прозорци, еве ги и црните оџаци низ кои избива дим и пријатна топлина.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Еве ги вонземјаните. Воопшто не се страшни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Солените зраци залудени ги покануваат рибите на валцер...ен два три...морнарски капи – мистериозни мапи...ен два три...љубовниците пијат лимонада – осамените сонуваат серенади... ен два три... загубени гаќи – јато страчки... ен два три... чамци прамци ланци и други тракатанци... ен два три...ен два три...еве ги моите родители, испокасани од решетките, сепак се вртат ритмично и лесно, иако сенки – гостинки сред радосното братство, иако...ен два три...иако го наслушнувам татко ми како мрмори: - Денот е како лист.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Еве ги тие зборови на кои ден-денешен им се сеќавам: Спиј спокојно, чедо мое Во пазуви ми кротко сони, чедо мое Во душава мир си најди, чедо мое Во срцево куќа гради, чедо мое Во куќата дворои имај, чедо мое Во дворови цвеќе сади, чедо мое Спиј и нани, нани, нани, чедо мое.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Деловите на полегнатите човечки стави како да биле поделени на студени и топли зони и додека стомачните мускули им трепетеле на тврдата земја, преку тилот и меѓу плешките им се разлевала морничава врелина, и некој, едниот или другиот Онисифор, мислел дека крвта бара пукнатина на кожата да шибне како црвен знак и да му се придружи на сонцето со брзина на светлоста ослободувајќи се еднаш засекогаш од кожурците на глупавата препаленост, на страдањата и искушенијата што некогаш биле склопец на животворен течен мерџан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Удрете, еве ги клековците, да викаат по нас. - Се колевме вчера со едни, денес ќе се колеме со други, им се придружил пискотливо и запенето Метуш Батковец. - Ќе се колеме, готово.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Сакате жените и децата со стапови да нѐ пречекаат, се обидел да го надвика Јордан Шоп.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Еве ги! Тие скоро и неизговорени зборови, тој шепот не посилен од шушкање на суви лисја, ги намалиле луѓето по засолништата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ИВАН: Да. Еве ги во мантилот. (Оди, ги зема и му ги подава на Луков.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ах, еве ги и другите кај се разбудуваат. (Го вади часовникот и гледа.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А ако случајно се обидеш да испратиш по некој дисонантен прдеж - о, еве ги, чаршиските полицајци на духот, кафеанските мудреци ко пена на мртвото море.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Еве ги едните, еве ги и другите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еве го Горник, еве го Рамник, еве ги гробиштата, еве ја црквата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Потивко, еве ги, го прекинува Капсула и ја протина цевката низ френгијата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И наеднаш - ваууу: еве ги, десетина волци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Само да чујат да цвикне од некоја кочина и еве ги на гости. Ја отвораат кочината, небаре да е нивна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Знам, велам, еве ги гропчињата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе запее петел (див бездруго, тогаш ни луѓето не биле питоми), а нив - еве ги. Благодет.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не минало многу, и еве ги орлите и лисиците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оти да не пие Петруш кога еве ги, поповите и Рожденкини свадбари дојдоа уште предвреме и го поздравуваат, се ракуваат срдечно, иако пред два саата се оддели од нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наспроти тоа или поради тоа или без оглед на сето тоа, еве ги сега: во крајности, на шест и седум ќошиња...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А еве ги, вели таа. Малку доцнат, ама сепак се овде!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не можам веќе ништо да одговорам...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Визјо е најстрашниот!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еве ги!... Се договараат пак на вториот спрат...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тукушто ќе избега од нив, еве ги тркалата на некој автобус, еве ги нозете на некој минувач или количка на некое бебе. Ах, каква брканица!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
ТОМЧЕ: (Шета во нестрпливо исчекување.) Еве ги! Ама што да им речам?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Молчи, Теодосе, и трпи малку, еве ги стасаа!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Како мачка со опашка да мавнала преку нив! Види види, овие запци, полни со кал, види!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: Сум ги исчистила, чорбаџи, еве ги.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А, ете ги Ѓорѓовци. Еве ги кумашинците, чорбаци Теодосе!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ОСМА ПОЈАВА АРСО И ЦИГАНИТЕ
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: По тебе: идат со свирки, да те веселат, галиба.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ВТОРА ПОЈАВА ТОМЧЕ, ЕФКА И СТОЈАНКА
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога ќе му дојдат другари - ќе има другари и другарки како во Кочани - ќе можат да седнат дури и на подот - баба му даде сосем нова черга... ќе има другари и другарки... ќе има... ех, Јана... срипа, ја отвори последната фиока и оттаму го зеде албумот... милата Јана... ја засака како сестричка, пред да се роди Мими... еве ги заедно во забавиште, на приредбите во кои учевствуваа, еве ја и последната - збогум забавиште мило - заминуваме на училиште!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А јас сум во искушение да помислам дека ако вашите родители не ви дале верско образование, тие ви дале, особено вашиот татко, нешто далеку позначајно: едно восритание, просто речено, без да биде потребно да се одреди со една придавка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во случај да не знаете за овој текст, еве ги првите редови: Јас бев крстена и воспитувана во православната христијанска вера.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кракатау: Добравечер, Маусдонци. Еве ги пак вашите Каљостро и Кракатау кои веќе ви стануваат познати како тие излитени тапети на вашите мозочни дувла, одвнатре познати, сакам да кажам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Еве ги останатите. Овие се уништени.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Заборавањето не е лажење. Ќе речам дека не лажев. Заборавив, и тоа е вистината.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Заборавив на овие во чантата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Зошто се смешка оваа? што е толку смешно?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еве ги...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Утрото, еве ги селаните, одат низ шумата и викаат: — Е-е-е-еј, дали има живи?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По некое време, еве ги, излегуваат од грмушките со воспалени лица, со земја и снег по колената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еве ги, ене ги, ги нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стрпи се малку, ќе видиме! - шепотеа шините. Еве ги, доаѓаат!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)