Одеднаш, се здрвив од страв. Ене онде, крај оној камен, забележав коски од некакво животно, на кои имаше свежа крв и парчиња живо месо.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ене онде на океанскиот брег под крајбрежните чемпреси Абориџините трампаат една песна за еден радосен крик на делфините отшто само делфините се радосни на плажите на кои има илјадници километри за распостилање на домородната тага.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Миќо ме запознаваше со месноста. Ене онде, под багремчињата - кажуваше тој - гледал некого со една жена.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Вчера околу полноќ, онака, веројатно, околу десет и четириесет и пет... а не, ќе ве излажев... околу единаесет и три четврти јас се враќав од кино по вашиот плоштад и, значи, ене онде, неколку чекори од вашата куќа, од другата страна, - знаете, каде што е киоскот, - при светлината на уличната светилка, гледам, - и не можам на очите да си поверувам - стои со цигара в раце Барбашин.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)