ете (чест.) - го (зам.)

Време на загубено детство, на сакани лица кои повеќе ги нема, на средби и раскази, ете го јадрото на целото романескно творештво, каде што Луан Старова, навраќајќи одново на знаците на семејниот егзил дури и во неговите најзванични функции, ги посматра знаците на историското насилство и предлага модели (можеби утописки) за соживот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие со раце покажуваат: ете го мостовите, велат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И ете го Сатирот пак во населбата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- И после? - После?... Ете, ете го лежи в затвор...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Павле излезе надвор, по скришниот канал да ги извести членовите на Месниот комитет за состанокот, а Гоце остана сам да размислува...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тогаш, за време на минатите избори, притиснаа да сме го избереле него. Ете го избравме, и што?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И ете го најпосле Берлин, сиот осветлен и за миг се најдовме во неговиот центар - „Александер - плац“, кој светеше и дење.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ах, се разбира, имаше право, ете го, најнапред слаб, речиси слаткаст, потоа полека се згуснува, навалувајќи врз него, предизвикувајќи гадење - „Еј, кој тоа истрела!“ извика Керадер придвижувајќи ја работата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но тој ќе ја дувне некаде до ќошето од дворот и, ете го, пак главата ја провира низ плотот: - Пуштете ме, ќе донесам уште една тиква за вас - нѐ моли.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но чуден е тој. Преку ноќта заборава сѐ, па ете го утредента како сенка по нас: нѐ следи и бара да го примиме со нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ете го клопотарецот на шарениот угич што го води стадото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пљачката Толе ја насочил на друга посока, пљачка државни имоти, та удри, ете го, дури директно на самата војска, на столбот на царштината.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Токмо така, Илија. Ете, јас ќе забораве најважното да го кажа — одговори Толе и пак почна. — Ете го најглавното, Илиа го кажа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Еве го, бре зетче; вој рече оти е Толе Паша од Крушевица, та тој ли е или ме матна да те предада, ете го него, ете те тебе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ете го, крши прсти дома, не кажувајќи никому ништо, та дури ни на ќерка му што му ја гледаше куќата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кај одеше Толе ноќе, и со недели, тоа тој и Мачникот знаеја. Co овој свој план Толе веќе му се слизна од рацете на Адема, и како што се колнеше пред татка си и стрика си, дека тој не мисли довек да биде роб, ете го, веќе го фрли јаремот на ропството и летнаа како сокол во слободен простор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој реши да одмаздува за сето тоа ропство и си постави задача да тепа бегови, да пљачка нивни имоти и ете го: најде соработници во Мачникот и Митра.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И сега, ете го, пак со таа песна ќе почне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Седум осум села, ете го, помина; ич малку, по двесте лири од село зеде, господ виделото да му го земе; тохо шо вајда дека ќе ти кажа, зар да не ни и подели нам со тебе! — одговори Андон и се потруди да се насмее, стенкајќи повторно од болките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се знае оти со гола рака змиа не се ваќа. A Организациата од своа страна ќе ни испраќа и таа колку шо' има и шо може.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Госпоѓата гледаше во Луција изненадено, потем во мене; Луција ѝ рече: „Ете го“ (имав силна способност од дете да читам од усни).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Малку, додека се искачат на Ѓавато... се искачија ли, ете го каде е Битола и нема веќе снег до Солун.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ете го одговорот на прашањето: каков може да биде односот на комитетите кон новото течење?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас по гласовите дознав. Внукот негов ми е познат, вчера сандакот го спушташе”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Бобок мене не ме буни - ете го, бобок, се покажа!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не, јас тоа не можам да го допуштам; не, навистина не!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Хм, а каде е тој овде?“ „Па ете го на пет чекори од вас, ваше превосходство, налево. Речиси кај вашите нозе...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И вечерта ме пожалавте кога Велко ви кажуше.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ами лели Велко ти рече два - три пата: "Дедо, дедо, нашио штрк ете го зад тебе!# и ти на треќио пат ме удри со остенот и ми ја окрши писката од ногата, та едночудно време боледуав, одвај дури оздравев.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море терај, бре внучко, волојте, не пули се по чавките, оти треба до ручек да ја изораме нивата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Поорале уште една бразда, пак Велко беше се опулил и, бидејќи дете, пак му свикало на деда си: - Дедо, дедо, ете го штркот зад тебе, заврти се да го видиш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Тамам, ете го. го најдовте - им рекол - еве јас имам млеко од вил, ако сакате, да ви го даам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ај нека ни удри - рекол поголемо на помалио - чунки немат кој да нѐ видит, и така сме го нашле тоа што го баравме.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ете го, оздола, Доксим Тренчески и оди по гумната, по вравовите и раскажува: - Чув, вели Доксим Тренчески, дека војниците умирале ко риби во пресушена река.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ете го пак Џем, ама сега со џандари, со суварии да прават бозгун низ селото..
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гледам во гумното, а оздола од под куќа, ете го Јон, човекот мој. Наближува и се смее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По едно време, а големо време, ете го пак татко, слегува по скалите во гумното.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ете го и Толе Грнчарот од Вранештица и вика.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По пет – шест години доби стипендија за последипломски студии во Берлин, по враќањето кратко време беше член на Советот на општината на неговото родно место, па пратеник во парламентот, за на крајот да дотурка до најсериозен кандидат за претседател на својата партија ( генералот Стојан во тоа време беше сопственик на еден супермаркет во едно мало провинциско градче и не успеа да ги собере 10 000 потписи за да му се спротивстави на изборите како независен кандидат) и ете го сега тука во истата зграда пред која што пред рамно триесет години дојде да бара демократски слободи и права...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Што се случи? Најсмешно е што по 10-15 години пак го сретнав и си го купив чекот за својата збирка, и ете го тука.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога во еден момент погледот му застана врз дрвцето расцутен јоргован, кое прикрај се бореше со правта од ѕидарските работи, лицето на Сандри се осветли: ете го знакот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И ете го веќе во своите дваесет и три четири години, дотера до ага. My се допадна на Мехмеда уште со првата средба и овој го зеде под рака.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ЉУБА: Ама ете го - пред твојот нос.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
СТОЈЧЕ: (Дотрчува). Ете го татко, иде!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ако се сајдисаме може и понатака да останиш, — го охрабри стариот калуѓер Арсенија, којшто беше дошол по истиот пат во овој манастир и со својата чесна и приврзана работа, ете го дотера до настојател на манастирскиот чифлиг.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И сега ете го крајот од неговата биографија, во Света Гора.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа и поп Петко присобра по некоја и друга лиричка — врангичка и ете го, си купи и куќичка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете го де, беше заватено и се одватило. Стегај си и ремењето ако сакаш попова снаа да бидиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете го него, ете ве вас. Сега пазарете се вие, немој да речете утре: „коџобашијата не зе на душа".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете го, си иде на кркање. Ќе пукниш од него, море бреј! Оди, јади, тресни, алабаку еден!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ете го, уште година нема, тоа веќе стои во стојалката, гуга и се влечка по задниче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— И ете го, реши да се предаде на поголем од Бина и од наредникот, направо на окружниот началник.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина, дури дедот Петко вака си мислеше, ете го, Илко почна прво од брата му Стоја. My бакна рака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И затоа тој го напуштил тој „божји рај" — Света Гора, и ете го, си дојде да ја исполни заповедта од „сајбијата" од кладенецот Илинец во Сталевата нива сака да му се направи меќани манастирче и дека ќе му направи многу зло на селото, ако не му помогнат во оваа работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој е од мене каршилакот. Ете го него, ете ве вас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поорале уште една бразда, пак Велко беше се опулил и бидејќи дете, пак му свикало на деда си: „Дедо, дедо, ете го штркот зад тебе, заврти се да го видиш.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не знам како се сврте Велко назад, го видело штркот оти е близу деда си си му свикало: „Дедо, дедо, опули се зад тебе, ете го нашиот штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Е лели и ова не ми го веруваш, бре татко, ами кога беше ти на орање во големата нива, лели ти ги тераше Велко воловите и јас си зобав црви во браздите изорани; ами лели Велко ти рече два три пата: дедо, дедо, нашиот штрк ете го зад тебе, и ти на треќиот пат ме удри со остенот и ми ја окрши писката од ногата, та едно чудо време боледував, одвај дури оздравев.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Колоните полици се сокачиња специјализирани продавници полни со минувачи, а пред една таква турканица, мислам дека беше во „уличката“ со млечни производи, претпоставуваш – онаа со сите оние овошни јогурти, милк-шејкови, путери од кикиритки, мини нес-кафиња со сламка, млечни кремови, ете го Врапче.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Преку ноќта забораваше сè, и ете го утредента како сенка по нас: нè следи и бара да го примиме со нас.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Таман двајца ќе се фатат заедно, ете го третиот трча одзади со нож.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ЈАКОВ: Вие ете го забележиле овие симптоми, кај ќерка ви господине Божо?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Радосно мавтавме и извикувавме ете го рејзот пристигнува.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Само ти имаш две, а ете го и тоа во скутот што ти е, на пат е.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Едно време излезе и ете го иде право кај заробениците.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Чул дедо дека сум дошла и ете го со прелапнати вилици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ете го еден ,Бритиш", грми над мене, ко срча го крши небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ете го Лазор Рогожаров и со чешлето ме удира по рамо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таман сум заспала, ете го стражарот и ме буди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си велев, ете го стариот и добар глумец, се враќа во форма кога сака нешто да си добие, му требаат жртви стари, нови не е важно, важно да има со кого да се изживува.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)