После . . . он ете ошче е млад, ако му излезе к'амет може да си се удоми, може, ете вака како нам, на старост да му даде господ челад, та којзнае како ќе излезе докрај ваа работа? — и пак ја наведе главата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Лели со десната нога треба да го пречекора прагот? Ете вака.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Откако го запалуваше масленичето пред Богородица, ете вака се прекрстуваше и почнуваше да се моли.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Една до друга тие кпекнуваа пред иконата на Богородица, ете вака се прекрстуваа, и откако трипати удираа метании, почнуваа да се молат со овие зборови: - Несквернaјa, неблазнаја, нетленнаја, пречистаја, чистаја дево, богоневесто владичице јаже Бога слова человјеком преславним Твоим рождеством... јаже ненадежних едина надежда, и боримих помошч... и приими мое, еже о скверних устен приносимое моление...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Циљка прекина за миг, воздивна, па продолжи: - Тука дедо застануваше, ете вака се прекрстуваше и пак почнуваше вака, тивко да се моли: - Услиши ја, Господи правдата моја, прими ја молитвата мојa што не излегува од лажлива уста.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ете вака: ќе погледнеш во порцијата и што гледаш?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- И пак, ете вака, се прекрстуваше дедо и потоа продолжуваше вака да се моли: - Спаси ме, Господи...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
ВЕРА: Ние седевме со тебе во мракот во бавчата, од небото паѓаа ѕвезди, а ние двете бевме во бели фустани, како привиденија, и одразот на белата грмушка во леата беше како привидение, и ти, ти ми кажуваше дека не можеш повеќе, дека Лења те исцедува: ете вака.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
– „Ете вака, синко Марко, се сторило со Силјана од Мало Коњари; знам оти тебе ти е како лага; арно ама мене ми е навистина, оти од татка ми е прикажана оваа приказна“, вака ми рече татко ми кога ми ја прикажа со прво.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
А кога веќе во крајна нужда идеа ете вака, мнозина старци и по некое дете се собираа за да можат колку – толку да се заштитат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Што имат една воденица, не знам со колку камење ет стоката негоа; тој со рака не ја ваќат ами со лопата ја збират - ете вака да знаиш, честити царе.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ете вака, пиле, ете вака, јагне, да му кажиш на сите глувци и стаори: нека дојдат и да ми целиваат десница, за да се испростиме, и алал да ми сторат досега, што сум му додевал и не сум 'и оставал со раат да си јадат по амбарите пченица!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
А знаеш како ја решаваат равенката? Ете вака: А1 тоа е коленото родено меѓу 1895 и 1915.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)