И уште вака ми сечи умот. Денес ако решат да ги иселат, утре можат да решат да ги доселат, значи да ги вратат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Можеш да си валкан, нечист, неиспран, значи да имаш нечиста кошула, нечисти чорапи, нозете да ти смрдат, од мишките реа да испарува, лицето да ти е валкано, цел да си валкан, на буниште да личиш, ама пушката, е, пушката, братко, задолжително секогаш мора да е чиста.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите предедовци и да почитува сѐ што имаат тие направено за своето потомство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Да ме уништат, значи да се уништи Турција (...) Крв се пролеала.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се трудев значи да не ја допрам кај Вртанов онаа позната жичка на вознемиреноста.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сѐ отстрана.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Да сонуваш, значи да спознаваш
да уживаш, страдаш, патуваш
да убиваш, бегаш, леташ
да паѓаш во бездна, во кошмар
да правиш сѐ што правиш и будна
и уште, и многу повеќе
автентично, во боја
(…)
оти сонуваш симболично
сонуваш навистина
сама
- како острово
- како безгрешен зачеток.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Да се биде амбасадор значеше да се биде највисок преставник во туѓина на овој конгломерат од народи и народности, значеше навидум да се прифати уште на почетокот една невозможна мисија, уште повеќе невозможна, ако си припадник на народностите, а најпосебно на албанската народност!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)