Го одведоа и татка, и стрика, и деда.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кој не би се смилил пред изгледот на Пискулиева, штом дури и дедо Иван не можеше да остане рамнодушен.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Дури и дедо му, кој долги години не излегуваше од дома, заради реумата во нозете.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Митре седнал да руќа и го поканил и деда Гера.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ги искара и дедо Ангеле: - Подобро вие помалце да се мрсулавите...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Децата кај деда Гера го најдоа и деда Ангелета, човек врсник на Гера и на Бошка Манев, кој до Хуриетот исто така бил комита и шегобиец речиси рамен на својот војвода.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Такво шеќерно старче беше и дедо му на ловецот Капсула, секогаш смело загледано во туѓите очи; ништо не бара во нив, само го огледува своето лице, нема ли на кожата некоја ненужна дамка што би го урнала светечкиот негов изглед пред луѓето.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Мајка тргнува по нас, и дедо тргнува по нас.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)