И косата му се наежи од тоа што допрва ќе треба да го види.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Бричење! – викна Х . – И брадата и косата! Берберот одлично му го избричи лицето, што не може да се каже и за главата.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Веќе ми горат ушите, образите, мислам и косата ми чади.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Носеше на себе многу свечен зелен фустан, со бели манжетни и бела јака, црни лаковани чевли и црна чанта, а и косата ѝ беше посебно убаво направена, црна, со убав сјај.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Во водата е и едно ретко облаче, забелено, како и косата моја. Моето лице и небото на исто место се гледаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Почна да ми паѓа и косата. Цели тутки коса ми остануваат в раце.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)