Небаре бичкиџии да ми влегле меѓу дрвјата, Мислиш и ноќта се ниша, како втурена јаболкница. Претоварена.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И ноќта и патот и копнежот со мене се остаток од нешто што ќе биде.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
И правдата и зимата и поезијата и возовите и ноќта и реките...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе дојдете вие плеќести црни мажи и деца и неба и птици на овие брегови Трпко и ден и ноќ и ден и ноќ да нѐ барате нас мажи и деца и неба и птици Вардар престорени и мостје црно од грижи дали ќе се најдеме ние што го извишивме овој мост за нови плеќи и вие што ќе го извишите.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
А и ноќта се стега, се растуркува со мене. Го запирам здивот и ја наслушувам ноќта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Патот од училиштето до дома, сепак, имаше крај, иако посакуваше и тој како и ноќта да бидат што е можно подолги.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И ноќта и денот немаат крај сѐ има крај а никако почеток... сѐ уште темнина, тишина...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)