Ми говореше дека кога го исцлелил болниот од Кападокија, и кога овој му ја дал штичката како подарок, првпат узнал дека постои и писмо на дрво.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога се разболе од задоцнета сипаница, Иван по пошта ѝ испрати сѐ што потсеќаше на неа - и писма и слики.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Вистина работевме сѐ, ама и писмо научивме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Овде и писмо ми е тешко да напишам. А пак зошто тогаш сум ја зела машината?
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тука беше и Ѓеро Ѓенески и Неделко Сивески. Пишавме и писма. Писмата долу ги занесе Неделко Сивески. Ги занесе и не се врати.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
ДЕПА: И писма и пари, златен!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Сите испраќаа поздрави од своите познати, а малата Мирјана од Скопје напиша и писмо, само не ми кажа дали до нејзините роднини или до нејзиниот сакан...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Еве, и писмо ти испрати, вели, за да знаеш дека е жив.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)