и (чест.) - сенка (имн.)

Ете што значи куќа со домаќин. Домаќинот е и сонце и сенка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние, што се вели, не можеме и сенката да си ја носиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се криеме под сенка, но и сенката не може да те скрие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стојам така подврзана, а никој нема околу мене. Дури и сенката ништо не ми кажува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)