и (чест.) - тетка (имн.)

Дојде и тетка Славјанка, Катина Егова, Паскалина Ајта, сите што ме знаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Спијат и тетка Славјанка и Катина и Паскалина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тетка Славјанка, и Катина Егова и Паскалина Ајта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пак молчење. Сакав да станам, да речам дека сѐ јас ќе работам, дека не треба и тетка Рајна да доаѓа ако не може, дека јас нема на училиште да одам ако затреба, само не, само тоа не... се тресев во постелата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога ќе му направев ваква супа, по три чинии одеднаш голташе... - на ова и тетка ми Олга не издржа, шмркна и со салфетката пред неа исто така си ги избриша очите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Јоване! - тетка Олга одеднаш како да дојде при себе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Неспокојството во Дончо се должеше на сѐ пореткото доаѓање на тетка Пелагија и Пела за која го убедуваа дека му е половина сестра, оти додека тој којзнае по колку пати го превртуваше стопанството, брегот на големата река, грмушките на каналот, од устата на својата мајка слушаше дека Пела и бабата Перса (а зошчо ја вика Стара Мајка?) ги посетувале црквите по градот, а во празниците со нив одела и тетка Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)