Но логотетот се смири, и со наредба царска, со указ, самиот реши: и против волјата на единаесетмина бедни и лицемерни од советот царски, сепак определи до него да седат и Филозофот и Лествичникот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Логотетот сѐ така еднакво се смееше, и веќе стануваше непријатно; тоа го почуствува и Филозофот и продолжи: „Оче Стефане; ако секој ден чиниш чтение, од утро до мрак, и така правиш шеесет години, колку чекори книги од твојата библиотека можеш да прочиташ? Не повеќе од еден до два чекора.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)