и (чест.) - поради (предл.)

Денес сè повеќе е загрозена идејата дека некоја нација постои и поради зачувувањето на различноста на планетава.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Гразда Таки, познат по својот талент за странски јазици, а и поради својот бизнис во Грција, зборуваше со него на грчки јазик.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мене ми се стори за најприкладен овој термин едноставно и поради фактот што секое творечко дело општи, комуницира со стотици и илјади безимени адресати на кои им е упатена поетската порака.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но не ја прифатив како добронамерна оградата со која се обиде да ми предочи дека не било се едно кога таков малер ќе се случел во куќата на обичниот човек за разлика од генералот или високиот раководител.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Да се случеше барем во одаите на некое воено лице со два чина пониско“, заврши таа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И тоа не само заради нејзините големи врски со лекарите туку и поради насмевката што ја искористи за да ми ја завитка веста пред да ми ја предаде. Го знам тоа нејзино умеење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)