Дури и белото кече му летна нагоре ко глуварче.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но во градот, за среќа, течеше и белата благородна крв, наспроти злата крв на сите разлики, млекото на козите која зближуваше луѓе од различни националности, вери, социјално потекло.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Беше сета во бело; си помислив: „непримерно бело за околностиве“; носеше дури и бела баретка, а од под баретката, како од лошо зачепен вруток бликаа руси локни коса.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Така гледајќи ги, крвнички, тој бараше само едно: да ги најде вистинските бунтовници, иако сега сите му се гледаа кумити и бунтовници, та во својата врела глава си ги претставуваше и децата од две години како пораснале и станале кумити.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А војниците разни: имало и бели, имало и црни. Мешани.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги виде сите свои робови и робинки пред себе; ги виде и убавите и млади невести Доста и Дунава Макреви, ја виде и бела Бојана Жиовката, па погледот му падна и на Доста Рожденката, околу која толку години се вртка, но сега кај него немаше ни зрнце милосрдие, ни зрнце мерак, ни зрнце човештилак.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И бел леб што ќе го јадеме како манџа со црниот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)