- Мајка ти заслужува повеќе од еден убав ден, рече Дуко Вендија, иако добриот ден завршува како и добриот човек.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со целото свое држење јас сакав да ѝ покажам на младата наставничка дека има и добри деца на овој свет и дека затоа не треба да се отчајува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тоа за мене е голем предизвик, ќе направам и добра репортажа, го чувствувам тоа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Време опачно. А има секаков народ: и подобри и полоши и којзнае какви.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој беше и добар домаќин со чифлигот во Лагот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Ќе ти се насмевне, и сам ќе се насмевнеш и ќе му посакуваш и добар пазар, каков и да е...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)