Право да кажам, донекаде бев и задоволен што не се зазедоа за работата, сакав бунарот да биде мое дело, подарок од мене и, еве да речам, слава моја.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Остана, загледан во крвавата дира, што се оддалечуваше пред неговиот поглед некаде во бескрај меѓу ретките стебла, што ја обрастуваа белата странка пред него; во неколку наврати беше дури и задоволен од сето она.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Малечката Пелагија не ни мислеше зошто не се во исто одделение, а мајката Пелагија се почувствува дури и задоволна што ќе бидат разделени.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Беа и задоволни, онака како што се може да се биде задоволен по некоја ужасна смрт, на која ѝ претходела уште поужасна болест, од тоа што веќе нема да го гледаат Големиот Ристана како го влече својот плач по нивните темели со раскрвавените палци на нозете.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)