Стравот произлегувал од можноста таквиот развој на настаните на Балканот, каде што од мај 1941 година немало ниту еден британски војник, да го зајакне излолационизмот кај оној дел од американската јавност што бил противник на инволвирањето на САД во војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Окупацијата на Кралството Југославија, според одредени американски новинари, можело да има и негативни последици кај дел од американскта јавност.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Заедно со добрините за интересите на Македонија, изброени погоре, името Бугарин донесе и негативни резултати за револуционерното „дело”: Името Бугарин и нееднаквите уверувања пред Бугарија и пред Европа за судбината на Македонија по нејзиното ослободување создадоа полна недоверба кон нашето „дело” од страна на европејците, мислејќи го за итрина – не македонска, ами бугарска – за маневар на бугарската влада да се реши македонското прашање поскоро.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)