и (чест.) - ваму (прил.)

А кога ти ми ја даде утринава штичката со буквите на јазикот твој, видов дека од буква до буква, топлината и светлината на секој знак се совпаѓа со записот од мојата штичка; еднакво собитие запишано беше и ваму и таму.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Само што ќе го наслушнете внатрешниот Глас алхемијата на домот веднаш тргнувате ни риби, ни змии на далечен пат, само вам знајниот Млечен пат од слатки и солени води на деноноќни бесони патешествија во кои го составувате едниот крај на светот со другиот па повеќе не е јасно дали егзилот е траума или радост на преселбите да се биде и таму, и ваму од светот да се направи меѓусвет секогаш да недостасува нешто суштествено од едно и едно да се направат три носталгијата да биде дискретна смисла на опстанокот која ревидира сѐ и повторно ги дефинира и селидбите, и враќањата и татковината, и туѓината!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Еве и ваму има нешто пишувано“, ми вели, „едниов ѕид е малку напукан од земјотресот што удри пред три години“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)