и (чест.) - дење (прил.)

Ме мачеше Луција, на која мислев и дење и ноќе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А пак оној Симон, таков каков што го знам, ѝ рекол: Кога ќе се крене ѕидот, ѝ рекол, ќе можеме да го пуштаме Гаро од синџирот и дење!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„И доста е веќе. Ќе поаѓаме. Онисифор Мечкојад е на пат за Кукулино.“ Зад него застана Никифор Ганевски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Прав е Онисифор Проказник, браќа. И дење и ноќе сме на исто место. Ни до идните Поклади не ќе стасаме до Лесново.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тајниот телефон на овдешниот Централен комитет ѕвонеше и дење и ноќе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Можам и дење да летам! Не ми треба ноќ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ако бидете мирни и дење, како кога спиете ноќе, нема да има колење.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но и дење да избувне, не можеме да избегаме ако ерупцијата е голема.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)