Не знае старецот дека ништо стварно не руши, дека сето ова е пуста борба, руши само неколку пусти илузии, а тие и сами од себе, нечујнонезнајно за никого, ќе си умреа, како и толку други што си умреле.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Меѓу илјадниците ѕвезди, бубачки, тревки, луѓе запомна само име – две; Меѓу илјадниците скриени во јавето, цветањето, молчењето, стравот, сонот препозна само глас – два; Меѓу илјадниците расфрлани низ жетвите, раѓањето, плодовите, луњите си одбра само боја – две; Меѓу илјадниците што патуваа, одминуваа, се криеја, разболуваа си одбра само жена-две; и уште нешто-две, И толку.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
П. С. Нема постер. Пропадна идејата, како и толку други.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Тој не стаса ни да помисли на нешто како на вреденост и разжаленост; тоа остана да демне во него само како уште едно далечно, тенко, но заедно со тоа и толку злокобно знаење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
По детето му одговори дека ни тој не се согласил да дојде сам, знаејќи уште посигурно од таа негова постапка дека стариот е толку проклето, но и толку неодменливо готов.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, рожбата на онаа набиена темничина, која знаеше и толку да уплаши за веќе да не постои никаков завет, зад кој би можело подлабоко да се засолне, тоа животинче, што сега ќе беше уште една жртва на сета расплисната и ненаситна глад, што се клештеше со своите завивања по сета снежна пустелија надвор, ако не беше неговата врата, тој долгоушко, со своите кревки, растреперени високи ножиња, не можеше толку бргу да го заборави оној, што беше останал да крчи од другата страна на вратата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Затоа по мала пауза молкома ја сменија темата со онаа која се однесуваше на напатствијата што Беренц неодамна ги доби од Берлин и кои, како што веќе е речено, чекаа на брза реализација. Тие денови од крајот на 1943 година, пушејќи покрај прозорецот, Беренц во својата канцеларија го чекаше градоначалникот Карер.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Подоцна во ноќта Лит и Беренц, покрај чаша вино што ја испиваа во канцеларијата на командантот, се исчудуваа од каде на ова копно заборавено од модерната цивилизација, каде што луѓето живеат едноставен живот близок до природата, без малку како желките од ендемскиот вид царетта -царетта, постои, ете, и човек што толку добро говори германски и толку вдахновено говори за теми од музиката, философијата и теологијата, со стил од салоните на Хајделберг, а не од скромна митрополитска резиденција на еден речиси заборавен јонски остров.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Каде му се сега тие и толку овци на Вангела?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Знаев дека БС нема да ме сфати. Затоа и толку пребирав по зборовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се трудев од секоја моја изречена помисла да произлезе разбирање иако не и одобрување на состојбите што имаат храброст да го пречекорат синорот на тврдата животна логика.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Затоа можеби и толку многу се зближи со татко ми.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)