18. Прави ли се тие или не, не е важно за дипломатите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тоа ли се зборови. Тоа се плуканици – валканици...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Воопшто, знаеше ли тој што прават неговите, што се случува кај нив, живи ли се, здрави ли се?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Какви ли се овие молскавици и грмотевици?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Во пазувите на ова бессоно утро Во падините на рајот вечен Жена метузалемски стара ми прорече: Кај што река има, таму тече Крвта на твоите незнајни предци А кај ќе видиш санта, глечер Таму нема вера, таму нема светци Тук кон зло те тера лик нечовечен И тој ќе зине муцка клета Вели – малку ли се трите Света?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
КИРО: Добри ли се? ПАНАЈОТИС: Ќе видиме дали се способни, дали се добри не ме интересира.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
О, бабо, тука ли се нашите пилиња?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сѐ што знаете за сиромаштијата (сиромав човек жив ѓавол, парола снајди се) во Богота се мултиплицира и веднаш ви е јасно дека сте во метрополата на бездомниците - Богота, град потпрен на ѕвездената светлина, град во кој бездомниците се уплавосани од темнината на ѕвездите, град во кој бездомниците секој божји самрак се уверуваат дека нивните мечти не узреваат а дење балињата им се полни ѕвезди, колку цел ден да се допрашуваат денските ѕвезди вистински ѕвезди ли се?
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
- Мои ли се тие, тато? - прашуваше Билјана покажувајќи на цветчињата. - Сѐ што е на праскава, твое е, - реков.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Сакам да ти благодарам. Ти, чичко, изгледа си добар човек. Сите возоводачи ли се добри? - Сите.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ама што пилишта ли се оние, господе, велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Којзнае какви пилишта се овие, велам, лиоти, лилјаци ли се, велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)