ли (чест.) - ти (зам.)

- Добро што не те чуја сите. А особено валијата, - почна поблаго директорот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- И тоа ти се молам, пред валијата! А знаеш ли ти кој е валијата?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тешко ли ти паѓа едно такво признание?“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А јас? Што ќе правам јас сам? Си мислела ли ти за тоа кога си правела така?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
СЛОБОДАТА: Не си ли ти оној кој ги убеди и најсиромашните да си ги продадат кошулите од грбот за да купат оружје потребно за големата пресметка. МАНОИЛ: Да!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ќе можеш ли ти да се протутнеш преку Поле и да нѐ одведеш?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ами нешчо друго да направиме, ќе ме послушаш ли ти мене? — го праша по третпат и остро го погледна кон повреденото место.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Си се возел ли ти воопшто некогаш во автобус?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Топло ли ти е кесето - за ништо не бери гајле... - постојано ги учеше Карче синовите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Учителката ни рече да нацртаме маче. Сакам јас да има најдобар цртеж но не знам да нацртам маче. Ќе ми нацрташ ли ти?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Боже,“ рече Ливајн, „добро ли ти е Бени?“ Пикник не одговори. Ливајн ги крена рамениците.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Кога надлежните органи го прекориле со зборовите: „Ама, бре Сталине, пак ли ти!“ тој ги смирил со податокот дека со Белгијанецот, стопанот на кравата, бргу се нагодиле.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Си го видела ли ти некогаш Ѓорчета Петров?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Ги зема, ги прелистува и потоа погледнува на саатот.) Точен ли ти е часовникот?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
САВЕТКА: Ааа... за тоа ли ти спа кај неа, за врска да ти послужи со Илија? Да те продаде!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ама за тоа ли ти бил зборот?! Речи ти колку сакаш... Пет... десет!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Знаеш ли ти синко мој, кого си довел во куќава?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А знаеш ли ти дека не умееш да разговараш со луѓе? Те молам, знаеш ли тоа?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Лажеш. Јас не го знам добро јазикот на овие луѓе. - Не, не лажам. А знаеш ли ти нешто друго?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Тоа водникот во војската ли ти го кажа?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Знаеш ли ти дека во целиот наш јазик постојат само дванаесет рими на „ог“ ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Овде се пет прсти. Гледаш ли ти пет прсти?“ „Да.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сфаќаш ли ти, Винстоне, дека никој што сме го довеле на ова место не сме го испуштиле од раце неизлекуван ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Сметаш ли ти, Винстоне, дека минатото навистина постои?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тој ли е тој твој маж?... Тој убиец!... Заради него ли ти ја чуваш својата чест?...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кос-коџа со мажје жени пак беља тргаат ако тргнат сами, а камо ли ти шо си а изгубила главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама, иде ли ти таа кокона, бре сестро!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас и ти. Кандисуаш ли ти со мене на краот на светот? Јас кандисуам со тебе ...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А виде ли ти Миша Сукалова, сестричко?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не ли ти кажав, не ли ти кажав, не ли ти реков на проштавање?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
А бре, Кузе, знаеш ли ти, - се налути Нумо - дека јас немам 'рбет, ами стожер што не се свиткува?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дури по нејзиниот весел врисок, го здогледуваме, сосе црвениот качкет, како плива, брзо и елегантно (како што и веслаше) кон веселото капачко друштво околу Неподмитливиот камен.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
– Да, да... - вели тој: А знаеш ли ти, миличок, дека Иван Владислав, синот на Самоиловиот брат Арон, може да биде македонскиот Магбет?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ја ведна главата, се поуми, а кога ја крена, очите му заискрија од пакост и рече: - Да те прашам: сите ли ти платија?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Можеш ли ти да ми одговориш на тоа прашање?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од вечерва, знаеш ли ти, почнува мојот вистински живот, мојата нова година, верувај ми!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Како ли ти текна! - Не мене, тебе ти текна, загубенко!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не пишува за што е ангажирана. (Го фрла весникот.) Знаеш ли ти, Симоне, дека ние во XX век живееме најдобро од сите милијарди луѓе што живееле пред нас.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Така ли? - праша астиномот. - А знаеш ли ти дека ние сѐ знаеме за тебе?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еј, Русија, бре, парвата земја на соцјализмо е таква, пролетерцка!!!... А знаеш ли ти, келку голема е Русија?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега, јасно ли ти е?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Знаеш ли ти на колку години јас влегов во пубертет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Никаква Анка, никакви глупости! - свика баба ми. - Знаеш ли ти колку далеку живее таа? Дури на Бит-пазар.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Ќе речеш аферим'? Ами, мислиш ли ти дека на Падишахот перјаникот му се тресе за тебе?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„А одиш ли ти на училиште?“ ја праша Едо мутулавата. „Не“, рече мутулавата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Убаво ли ти е тука? - праша Златко.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Да не си се збудалел?! Знаеш ли ти дека, ако ја удриш, навистина може голема беља да биде?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)