не (чест.) - бара (гл.)

Во тој случај доаѓаме до наједноставното решение што науката можела да го понуди во тој правец.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бидејќи филозофијата од неа не барала врз основа на фактите, на некој начин и во одредени точки, да го дефинира и определи взаемниот однос на менталното и телесното, науката се определила провизорно да делува така што нивниот однос го зема за совршен, т.е. како меѓу нив да постои еднаквост или дури и идентитет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Даме ја почеша долгата црна брада и им одговори: - Простете, ама не барајте си ја бељата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Франциско одеше гол и бос, парталав, гладен и жеден, во крв облеан, и од никого ништо не бараше: ни дреи, ни леб, ни вода, а уште помалку го мачеше суета и потребата од признание и слава.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој светот го доживеа како магичен божји лавиринт, но не барајќи го влезот, дури ни излезот. Заглави во мистериозноста.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не барам одговор, Господи, за ништо зашто добро знам дека и страстите се создадени од крв и од солзи и Ти ќе продолжиш низ нив - Мене само осама ми треба...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
— Е, е! Лели дојде сам, да не бараме тебе, ќе земиме и тебе на бајрам. Ќе дојдиш, нели?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неговиот лозунг беше: од еден земи многу, на многу дади по малку.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе најдиме чарето, ќе најдиме. Јас водам овдеки овчари за мерак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој на дело покажуваше дека се бори против Турците, а ги штити христијаните. Не бараше ништо од селаните, а плаќаше сѐ што земаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Круши-зимјаци и не бараше веќе, зашто пред две недели дедо му ја испрати последната кошничка в село.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ништо во неговото тело не бара да биде помрднато.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ни мускулите, ни нервите на сувото тело не бараа да им се обрне ни најмало влијание или признание.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој, рече, не бара ништо друго освен мојот папок да му биде чаша, мерка за последното шише вино во неговиот живот; му реков да не зборува така, оти сум суеверна и не ги сакам зборовите кои говорат за последни нешта во животот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем почна да ме моли; ме молеше како мало дете, целосно инфантилно; клечеше на колена пред мене, ми ги бакнуваше стапалата; рече дека бара само да му дозволам да ми го открие стомакот; дека ништо друго не бара и дека ме моли само на половина час „да му го позајмам стомакот“ (токму така рече, господин судија!); рече дека ми ветува дека воопшто нема да ме гибне со рацете; јас се смеев, оти предлогот беше луд; „Јан Лудвик“, му реков, „Ние сме возрасни. Какви ти се тие глупости?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа молела да не бара такво нешто од неа. Тогаш тој рекол дека ќе бара нешто друго; пробал да ја прегрне, но тогаш некој лудак фрлил камен врз џипот, нешто се скршило и тие избегале. Ѝ реков дека тој лудак бев јас.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ДЕПА: (упаѓа). Куршум ги дупнал, та ако нема заби од нив да не бара тие да му жвакаат!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: Господ само убавина да даде, ама поголема убавина од детето да ми го донесе не барам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
На постаментот од споменикот епитаф: Овде почива правот на онаа што слава и сребро Среде светот минлив во животот овој не бараше... тоа, се разбира, е лажга.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
-А ова е, молам да се обрне внимание, гробот на Ана Василиевна Горчакова, родена сестра на генералисимусот Суворов-Римникси.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Подоцна разбрав дека Пенчо успеваше во сѐ зашто не бараше ни пат ни начин во своите постапки, зашто до целта го водеше само јатката желба да го стори она што го сака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Неговото читање не бара примена и врз други мјузикли, а камоли врз други културни облици и ја губи поентата кога ќе се обопшти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Милер не се потпира врз нејасни психолошки општости од оној вид што го изнесов во целиот претходен пасус.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, треба да се знае дека она што таквата хипотеза во случајот со Циганка ја прави привлечна е нејзината строга врска со Милеровото грижливо читање на самиот мјузикл, читање што самото ја создава хипотезата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И како народна армија да не бараме леб од селаните и многу гладувавме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
53. Тогаш ќе се избегне конфликтот помеѓу и Грците и Македонците, зашто последниве не бараат тие што зборуваат грчки да имаат во своите цркви старомакедонски јазик а во училиштата сегашниот македонски јазик, ами тоа се бара само за оние што зборуваат македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еден од нив е Пабло Пикасо. Тој велел: „Јас не барам. Јас наоѓам“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И не се вратил по измитарената шубара што од испотеното теме му ја симнала подадена гранка на стара леска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш мислев дека еднаш веќе сум минувал по таа дива земја со некакви бели и лилави жиличиња што лазат со испреплетување меѓу камења и суви базја и се хранат со сѐ што ќе се допре до нив, тогаш така мислев или можеби мислев дека еднаш ќе минам по таа врвица што ја започнувам со стежната стапалка, но сеедно - веќе бев на грпката на ридот што се спушташе кон нејак поток и видов во далечина на некоја планина расфрлени куќи, не поголеми од тупаница, и видов зад потокот дабов забел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но ранетата волчица можела да се пои од Климентовите води и да ја наслушнува со жили тешката бучава на недопрените шуми неподелени помеѓу ајдутите и рисовите; секирите на фукарата и бичкиите на имотниците не стасувале да ја ограисаат целата невиност на животворното зеленило над кое, секогаш, и небото е посино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ме разбравте. Не бараше тој овца да заколам туку јас самиот тоа го мислев кога видов дека е ковче и кожа.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Еден ден по свети Илија и Ганка ќе има шеснаесет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Од јазикот негов капеше крв. Ни на господа не можеше да му се помоли.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така жените го посвоиле попот да ги извртува псалмите Давидови во нивна чест и да ги возвишува зашто го прогнале и не им дале на враговите негови да му се одмаздуваат, да пее со толку мило лице што и не барале да знаат на каков јазик пее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ништо од сето тоа не барав. Не можејќи да си ја објаснам желбата, очекував да го видам гривестиот белец и да му се доближам, со дланки да ја избришам крвта од неговите светкави влакна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Волчицата- стојбина, со грч во секоја нишка месо, се скаменувала подивена и капната од рани, на каменот никој веќе не барал и не наоѓал траги на Климентовиот дух што над деветстотини години се движел од немило до недраго како призрак на некогашниот жив призрак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А ти не барај од неа веќе ништо. Вода јас ќе ти донесам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никоја сила не бара од вас да измислувате вакви истории...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Моќ што умее да ги усогласи своите потреби, но, не бара дозвола за извршување...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Туку, да не бараме ништо еден од друг, тоа само ќе си дојде, така е подобро и така најмногу би ни одговарало и на двајцава.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И држи висока цена, исто како и рацете, што гушкаат и милуваат само ноќе во мракот и ништо за возврат не бараат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тие, гоедските суви лепешки, развиваат таков оган, тивок, постојан и јак, и кој не бара стално да си врзан за него, зашто не постои опасност изненадеж да пламне или сам од себе да изгасне.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Деновиве добивме едно честно писмо од Белград во кое меѓу останатото пишува: „ Јас никогаш не можам да ѝ заблазнувам на личност која се зафатила да критикува луѓе кои не ги познава и од кои никогаш не барала извинување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ѕверот се отфрли од земјата, ја закачи со заби подадената црна рака на глогот и не барајќи пат се нурна во мракот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Немаше иљач, вели, за смртта не барај иљач оти и смртта е иљач за маките човечки, за болестите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Дека е за болест го давам, вели Доксим Тренчески, земајте, мачкајте се, вели, не барам ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А месото ни солено ни пипрено. Сол се нема ни за в очи. А несолена уста и вода не бара. Ја пиеш, а како осилки да голташ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Единствено калуѓерите, велам, не бараат признание на земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мирче и тогаш рече: - И оваа работа, ќе бара нова работа... - Е, ќе бара, му велам јас, не чини ако не бара, му велам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само дотаму. После ништо не бараме од светецот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само леб да не бара, оти леб нема и овдека, на овој век, ваму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
58 Ракопис пронајден во џебот Кога сега пишувам за тоа на другите може да им изгледа како рулет или хиподром, но пари не барав, туку во еден момент почнав да чувствувам, да одлучувам дека стаклото на прозорецот од метрото може да ми донесе одговор, средба со некаква среќа, токму тука каде што инаку сè се одвива во знакот на најфаталниот раскин, внатре во подземното време кое линијата од станица до станица го оцртува а со тоа и ограничува, неотповикливо под.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не барам а наоѓам во себе чудна слика: помеѓу осаменик и чета со нејасни лица е кренат непробоен ѕид со тајни отвори за атак само од едната страна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не барав ништо од него, барем само љубов да ми пружеше, да ме побараше, да ми го исполнеше животот со убави зборови, да ми ја надоместеше загубената мајчина љубов, да не ме понижуваше и мене и себе, да не слушнев никогаш дека ме заменил со друга жена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Какви врвни луѓе ме бараа да ме усреќат, а јас најдов човек што јас ќе морам да го усреќам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За среќа, моменталната работа со која беше ангажиран беше обична рутина, исправање на една долга низа бројки која не бараше големо внимание.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Само минував од тука“, рече Винстон неодредено „па погледнав внатре. Не барам ништо посебно“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тоа паѓање Авни е мала попатна станица која може и да не се забележи во приквечерината на твоето паметење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не мораш да го разбереш и да го прифатиш ова што ти го кажувам, но запомни: слободата е слободно паѓање, самоубиство во мигот кога мислиш дека си вечен, кога мислиш дека животот го живееш онака како што секогаш си го посакувал, самоубиство без причини и последици, нешто како катарза што те исполнува со пркос и можеби затоа не бараш виновници и не осудуваш никого во тоа долго, долго паѓање што може да трае и само еден миг.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Само запишуваа и двајцата нешто во еден тефтер и не бараа добивка од задолжените.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ој не барај така братски, брате, те молам, брат сум ти, но Исус не сум за така да давам...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
1. НА ЛАНСКИ ОГНИШТА НЕ БАРАЈ ОГАН - но ако ги вилнеел љубовниот пожар и ланските огништа стоплуваат кога во спомените да ти пламенеат можат...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
при одење главата им е поткрената, рацете им мавтаат, чиниш, пливаат; тие луѓе смело приоѓаат на сѐ, не се плашат од тешкотии, па дури често и ги потценуваат; многу работи превидуваат, но грешките бргу ги исправаат; ретко, или никако не бараат совети или помош од некого; сакаат да им се слуша зборот, да ги слушаат луѓето;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Жена му од Мил фучна со носот: - Не бараше таа да ти се направи гроб за тоа...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Шо правите вие двајцата сами беќари: Кој ви замесуа, кој ве приперуа? — и собра сили та заврши: — ами не барате ли некоа сиромашка, да се прожениш, та на татка ти не му дава закон шо не му дава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токмо навреме ќе дојде, токо пари да не барате! — пак повтори Крчо и си излезе откај што влезе, испратен од Нешка, фатена рака за рака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бог, сине, не бара ништо од нас, ние бараме само нешто, малку, од тој што нѐ очекува. Затоа, внимавај, сине”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Лазеше. И најде она што не бараше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бремето го повлече кон грубата калдрма и тој, не ширејќи ги рацете и не барајќи со нив потпир во воздухот, невешто, скоро театрално падна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не барај ме на земјата, мислеше. Јас сум далеку, во клунот на мртвата птица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но не барајте овој пат да се впуштаме во темелни објаснувања за тоа како е создаван тој небесен простор и каква е целта на необичниот зафат околу времињата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Моите господари и самите ми укажуваа (се правдав пред тој Никола Леко) дека не ги интересираат моите интимни размислувања; дека од мене не бараат никакви предавства, дури ни самоинцијативи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
(Господи, некој да се осмели в очи да му рече дека сметките се расчистени! А тој знае дека не се).
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Семјон, јас не барам од никого пари, но долгот си е долг и тоа не смее да се потценува а уште помалку да се заборава“, вели студено Иван Степанович а во погледот веќе му се наѕира незадоволство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од тоа повеќе не бараме, а кум Поцко? (Му намигнува на Поцко.) Ние сме ситни луѓе, па ситнеж сакаме да јадеме.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Е, не бива така!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не бара да се протера кучето или да му се лути на Винко: „Навистина, како си смеел да поведеш куче на логорување, кога знаеш дека не е дозволено...“, туку и тој почесто ќе клекне крај него, ќе го погали и ќе му рече нешто како на човечко суштество што разбира.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тој не бара свилена постела, ниту грниња полни со златници.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А џунџулињата ние ги садевме. Не бараат специјална почва. Таму, од оние купишта зедовме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не баравме ниту да ни се аплаудира. И од тоа нема многу фајде.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Селаните ништо од нив не бараа. Едноставно не разбираа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Танаско ја одвраќаше да не бара работа во Шумското, ѝ велеше Ти не си м’ж, палај там у Чана, у то стопанството Острово, не е лесно...чунки нагоре саат и надолу саат, а и земната като камин, су казма са работе а не су лупата!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се сети Манол Форевски и ќе ми рече: — Не барај го Никифор, не е овдека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие го живеат животот со сите негови чуда и чудества, го примаат како редок дар и едноставна, а голема радост.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тие не бараат толкувања за сѐ.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само што ние, источњаците, тогаш мислам ти реков, не бараме за сѐ објаснувања, како вас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ние веруваме. Тоа што за вас е чудо, за нас не е.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)